Македонија

Лукаревска: дури 10,7 отсто фирми не исплатиле плати за февруари

02 апр 2021

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, апелираше до Собранието побрзо да се донесат законите од петтиот пакет мерки за да не се казнуваат компаниите кои не ги исплатиле платите во февруари.

Дури 10,7 отсто од фирмите, вклучувајќи ги и самостојните вршители на дејност, не успеале да им дадат плата на вработените, информираше Лукаревска.

Таа рече дека за февруари се прифатени 63.948 ПИН пресметки од компаниите и самостојните вршители на дејност, но 6.888 немаат исплати на плата.Засега испратени се само опомени. УЈП има предвид дека финансиската помош за февруари не стигна, а дека компаниите тоа го планираа. Затоа, уште еднаш апелирам што поскоро да се донесат законите од петтиот економски пакет. Помина и март, а помош треба да се дава и за мартовска плата, рече Лукаревска.

Носењето на петтиот пакет помош за справување со економските последици од пандемијата е заглавен во собраниска процедура.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Веро“ ја стартува услугата Vero Drive

05 апр 2021

Отворен е реновираниот „Тинекс“ во Тетово

05 апр 2021

Фирмите кои ќе бидат затворени овие две недели ќе добијат помош

05 апр 2021

Пораст на трошоците за живот и на цените на мало во март

05 апр 2021

Законски измени за зголемување на К-15

05 апр 2021

Менаџментот кај Заев: „Лидл“ ќе гради и логистички центар во Македонија

05 апр 2021
Вчитува уште новости...