Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри нов кредит од 2,5 милиони евра за Комерцијална банка кој е наменет за кредитирање на малите и средните компании со цел да се поттикне нивната конкуретност.
Покрај кредитирањето, малите и средните претпријатија ќе имаат бенефит од персонализираната техничката помош и од поддршката на ресурсите од услугите да-се-знае-како, се во насока на поддршка и имплементација на проектите, како и од доделувањето грант до 15 проценти од вредноста на вкупната сума на кредитот, по успешно завршување на проектот. Техничката помош и грантовите се финансирани преку ЕУ Програмата за Западен Балкан за развој и иновација на претпријатијата (European Union Western Balkan Enterprise Development and Innovation Facility – WB EDIF), информираа денеска од ЕБОР.
Оваа програма им нуди на локалните МСП поддршка во достигнување на ЕУ стандардите во три клучни области: заштита на човековата околина, здравство и безбедност, и квалитет на производот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.