Министерството за економија објави јавни повици за субвенционирање на микро и мали претпријатија, за финансиска поддршка на женско претприемништво и за субвенционирање на занаетчии.
Со јавниот повик за субвенционирање на микро и мали претпријатија е предвидена финансиска поддршка за субвенционирање на 50 отсто од докажаните трошоци за набавка на машини и алати и за фотоволтаични панели.
За оваа намена се предвидени вкупно 30,7 милиони денари, додека финансиската поддршка по еден апликант не може да надмине 400.000 денари.
Доколку фирмата е управувана или основана од жена, тогаш субвенцијата се зголемува за 10 отсто.
Со јавниот повик за субвенции за поддршка на женско претприемништво предвидена е финансиска поддршка за кофинансирање на 80 отсто на трошоците на компании кои се 50% во сопственост или управувани од жени за набавка на опрема и алати, уредување/подобрување на деловниот простор и воведување на софтверски решенија.
За оваа програма во рамки на Буџетот на Министерството за економија се предвидени вкупно 4.000.000 денари, а максималниот износ на поддршка по апликант е 400.000 денари.
Со јавниот повик за субвенции за занаетчии е предвидена финансиска поддршка за покривање на 60% од трошоците на занаетчиите за набавка на опрема и алати како и уредување, односно подобрување на деловниот простор. Максималниот износ на поддршка за еден апликант изнесува 120.000 денари за трошоци направени во 2020 и 2021 годиина.
Оваа година за прв пат за распределба на средствата предвидени во јавните повици од Програмата за конкурентност, иновации и претрпиемништво (КИП) ќе се применува начелото за рамномерен регионален развој. Тоа значи дека средствата ќе се распределуваат според развиеноста на планските региони.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.