Македонија

Интервју со Савка Димитрова од првиот број на „Таргет“

28 Jan 2021

Во годината кога InStore обележува 10 години постоење на македонскиот пазар, се потсетуваме на првиот трејд-магазин „Таргет“, кој дебитираше во мај 2011 година.

Уште од првиот број „Таргет“ ја трасира насоката по која ќе се движи регионалниот проект InStore како глас на FMCG-секторот во Македонија и во регионот. По повеќе од 100 направени интервјуа, се потсетуваме на првото, кога разговаравме со тогашната генерална директорка на „Европа“ – Савка Димитрова, која на таа функција беше 30 години – од 1 јануари 1987 година до 1 јуни 2017 година.

Во интервјуто со наслов „Квалитетот е основа на долгорочната продажба“, Димитровска истакнува: Времето на шарени лаги е веќе поминато... Факт е дека на пазарот се јави наплив на сѐ и сешто и консументите немаа критериум, гледаа да купат нешто увезено, нешто што им се чинеше интересно затоа што беше ново. Тоа време го поминавме. Нам секогаш целта ни беше да одиме на квалитетно производство, а не на квази-производи. Не трчавме по секоја цена да добиеме пониска цена и само во моментот да продаваме...

Целото интервју со Димитрова прочитајте го на линкот, стр. 14.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...