Македонија

Во февруари УЈП ќе ги исплаќа парите од скенираните сметки

22 јан 2021

Следниот месец на граѓаните кои скенирале фискални сметки во последните три месеци од 2020 година преку апликацијата МојДДВ ќе им бидат вратени 6,1 милион евра. 

Управата за јавни приходи(УЈП) информира дека во текот на февруари ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ во четвртото тримесечје од 2020 година, односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година .Во  ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале  67.272.456 фискални сметки,  вкупниот промет е 33,398,562,346 денари , а на граѓаните ќе им се вратат  околу 382 милиони  денари или околу  6,1 милион евра.

УЈП апелира заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година, граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во ЕПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира  профилот на ЕПДД.

Од направената  проверка и анализа,  правата за јавни приходи утврди дека  5 506 граѓани во апликацијата МојДДВ  имаат внесено погрешна трансакциска сметка, а 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во ЕПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Бесими најави нов Даночен календар и Царински тарифник

02 мар 2021

Превозници заглавени на границата со Грција

02 мар 2021

„Алкалоид“ ќе исплаќа дивиденда за 2020 година

02 мар 2021

Највисоки цени на храната во последните шест и пол години

02 мар 2021

Нова инвестиција: Шведскиот бренд Nick’s ќе отвори 150 работни места во Битола

02 мар 2021

Отворен е првиот „Стокомак“ во Радовиш

02 мар 2021
Вчитува уште новости...