Македонија

ССК со 15 предлог мерки бара дополнителна помош од Владата

21 јан 2021

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) со 15 мерки доставени до Владата бара да продолжи поддршката за зачувување на работните места и за опстанок на претпријатијата.

Како што соопштија од ССКМ, приоритетни мерки на предложениот пакет вклучуваат продолжување на месечната финансиска помош од 14.500 денари за платите на вработените до април 2021 година, директно и неселективно, продолжување на бескаматните кредити и можноста за репрограмирање на обврските од активни кредитни побарувања.

Доставивме 15 мерки за економски спас кои базираат на реалните потреби. Важно е да се зачуваат работните места, но и да се надмине нарушената ликвидност која многу брзо, ако не се обезбеди континуирана финансиска помош, може да доведе до затворање на дел од правните субјекти. Во услови на намалена деловна активност и голема неизвесност, мерката од 14.500 денари за плати на вработените, даде значителни резултати за одржување на претпријатијата како и зачувување на работните места. Неопходно е да остане достапна кредитната линија на Развојната банка за мали и за средни претпријатија, изјави Даниела Арсовска, претседателката на ССКМ.

Комората предлага и одложување на роковите за поднесок на годишна сметка и финансиски извештаи до 30 април 2021, во хартиена, односно до 15 мај годинава во електронска форма. Овие мерки се важни, според ССКМ, бидејќи ќе ги олеснат значително условите за работа на реалниот сектор. Меѓу клучните барања на Комората е и да се преземе одлучна акција за справување со сивата економија од нерегистрираните субјекти.

ССКМ бара за претпријатијата во угостителството да се направи изедначување на данокот на додадена вредност на сите услуги и производи на даночната стапка од 10 отсто, додека за претпријатијата од секторот туризам, се бара намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто.

Дополнително, доставени се и посебни финансиски мерки за директна таргетирана неповратна финансиска поддршка за секторите кои не се во можност редовно да ја вршат својата дејност, особено туризам, транспорт, угостителство, сметководство, едукација, установи за згрижување на деца кои е важно да не пропаднат во време на криза и да можат да опстанат до отпочнување на периодот на економското закрепнување.

Овие мерки се важни, според ССКМ, бидејќи ќе ги олеснат значително условите за работа на реалниот сектор. Меѓу клучните барања на Комората е и да се преземе одлучна акција за справување со сивата економија од нерегистрираните субјекти.

Со оваа акција се постигнува двоен ефект, се обезбедуваат дополнителни финансиски приходи во буџетот од неформалната економија, која има учество од 40 отсто во економијата и која затајува даноци во износ од третина од националниот буџет, а второ, ќе се подобри деловното окружување за регистрираните субјекти кои во овој момент се во тешка состојба, изјави Арсовска.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Февруари бил поскап од истиот месец лани

04 мар 2021

Работодавачите за недела како неработен ден: Можни се отпуштања

04 мар 2021

Комисијата за заразни болести предложи полициски час

04 мар 2021

Бесими најави нов Даночен календар и Царински тарифник

04 мар 2021

Превозници заглавени на границата со Грција

04 мар 2021

„Алкалоид“ ќе исплаќа дивиденда за 2020 година

04 мар 2021
Вчитува уште новости...