Македонија

„Стокомак“ го отвори првиот маркет во Битола

11 јан 2021

Новиот маркет „Стокомак“, на продажна површина од 388 квадратни метри, беше отворен на 26 декември во Битола.

Маркетот се наоѓа на улицата Григор Прличев, бр. 3. Асортиманот го сочинуваат околу 1.600 прехранбени и непрехранбени производи, вклучително и брендови и трговски марки што може да се најдат само на полиците во „Стокомак“. Маркетот располага со 4 каси за наплата и паркинг-простор за возила.

Овој маркет успешно го заокружи планот за развој во 2020 година и што како компанија продолжуваме да отвораме нови работни места. Најважното е што продолжуваме да им се приближуваме на потрошувачите што сакаат да купуваат производи со највисок квалитет по најниски цени. Отсега, битолчани ќе го имаат најдобриот избор за пазарување во нивниот град, изјави за InStore Славко Георѓиев, менаџер за продажба во „Стокомак“.

Ова е прв „Стокомак“ во Битола, а хард-дисконтерот е присутен и во Скопје, Куманово, Штип, Тетово, Прилеп, Кочани, Велес, Неготино, Пробиштип, Гевгелија, Струмица, Охрид и во Гостивар.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



ССМ: Субвенциите за новиот пакет мерки да се дадат директно на работниците

12 јан 2021

Од 21 јануари угостителите ќе работат до 21 часот

12 јан 2021

„Бучен Козјак“ во соработка со Мој воздух постави мерни станици во повеќе градови

12 јан 2021

СКСЗМ: Корона-кризата згасна над 4.000 компании

12 јан 2021

„Соко Горица“ доби финансиска поддршка за развој на нови технологии

12 јан 2021

Земјава годинава домаќин на Балканскиот интернационален вински натпревар

12 јан 2021
Вчитува уште новости...