Компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци се приклучи кон акцијата на македонската влада, за помош на подрачјата во Хрватска погодени со разорниот земјотрес, кој вчера со случи во градот Петриња.
Доцна синоќа беа обезбедени четири шлепери со вода „изворска“ кои ќе бидат наменети за жителите на настраданите подрачја во Хрватска, по вчерашниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според рихтеровата скала. Донацијата од „Кожувчанка“ ќе биде дел од пакетот со хуманитарна помош кој утринава ќе тргне од Македонија кон настраданите подрачја во Хрватска.
Општината и советот на општина Кавадарци на наша иницијатива, во консултации со градоначалникот на општина Макарска, одлучивме да испратиме четири шлепери со вода за пиење. Целата пратка е донација од компанијата „Кожувчанка“. Изразуваме сочувство до семејствата на настраданите од земјотресот. Ова е најмалку што можеме да направеме за пријателска Хрватска, изјави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за локалната телевизија КТВ.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.