За храна и безалкохолни пијалоци домаќинствата во земјава потрошиле 43,1 отсто од вкупно употребените средства во 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
За станарина, вода, електрична енергија, гас и други горива отпаѓаат 10,8 отсто, а за сообраќај, шест отсто од вкупно употребените средства во 2019 година.
Околу 13 проценти од вкупните трошоци на домаќинствата во ЕУ во 2019 година биле за „храна и безалкохолни пијалоци”, што е трета најголема ставка по „домување и режиски трошоци” 23,5 проценти и „танспорт ”, 13,1 проценти, покажуваат податоците на Евростат.
Во земјите од регионот најмногу за храна и безалкохолни пијалоци потрошиле жителите на Босна и Херцеговина, 28,8 проценти од вкупните трошоци на домаќинствата. Потоа следат Црна Гора со 24,5 отсто, Србија со 23,6 проценти, Бугарија со 18,4 отсто, Хрватска со 18,3 проценти и Грција со15,5 отсто.
Во ЕУ најмногу за храна и безалкохолни пијалоци одвојувале домаќинствата во Романија – над една четврина или 26 проценти од вкупните трошоци, по што следат домаќинствата во Литванија со20,2 отсто и Естонија со19,3 проценти.
За споредба, домаќинствата во Ирска (8,6 отсто), Луксембург (8,9 проценти) и Австрија (9,7 отсто) – одвоиле под десет проценти од вкупните трошоци за храна и безалкохолни пијалоци.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.