Компанијата „Макпрогрес“ од Виница, позната по производство на кондиторски производи, влезе и во бизнисот со вино.
Глигор Цветанов, сопственик на „Макпрогрес“, претстави две нови вина на пазарот, „Бел камен“ и “Црн камен“ под брендот Krsla Vineyards.
Почитувани пријатели, кон самиот крај на годинава сакам да споделам уште еден успешно завршен проект на кој со моите соработници работевме изминатиов период. „Макпрогрес“ Виница иако веќе е интернационална компанија, својата инспирација ја црпи во регионот во кој е основана и е своевиден промотор на домашната економија во светот. Во хотел ресторанот „Александар Парк“ во Виница ги претставивме двете нови вина на пазарот. Со соработката која после празниците ќе ја поттикнеме со локалните лозари, винските стручњаци, писателите, поетите и уметниците од Виница и регионов верувам дека ќе успееме во крајната цел, а тоа е да го направиме нашиот регион светски познат вински регион со признат квалитет и препознатливост, објави Цветанов.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.