Македонија

ССМ: Уште седум дена за исплата на К-15

25 Dec 2020

Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) денеска ги потсети работодавачите дека имаат уште седум дена за исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15.

Правото на регрес за годишен одмор е во висина од најмалку 40 проценти од основицата, односно најмалку 10.962,00 денари, а потсетуваме дека Општиот колективен договор согласно член 2,се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор и согласно истиот нема исклучоци односно Општиот колективен договор задолжително се применува за сите субјекти во приватниот сектор, се наведува во соопштението од ССМ. 

Право на исплата на К-15, како што посочуваат од ССМ, имаат и оние работници кои биле отсутни од работа поради боледување, вклучително и отсуство поради Ковид-19, како и работниците кои користат платено отуство.

Апелираме работниците да не дозволат, онаму каде што нема формирано синдикат, работодавачите да ги убедуваат користејќи го институтот претставник на работниците,  и да вршат притисок, работник да потпише некаков документ за намалување на правата на неговите колешки и колеги работници поради тоа што согласно пријавите до ССМ ова најмногу се злоупотребува од страна на работодавачите на штета на работниците и намалување на нивните работнички права, а одговорноста за таквата злоупотреба е како на работодавачот, така и на работникот, нагласуваат од ССМ. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...