Македонија

Ажуриран списокот на граѓани кои ќе добијат по 6. 000 денари

21 Dec 2020

Граѓаните кои нема да се пронајдат на списокот за финансиската помош од 6.000 денари од четвртиот сет на мерки ќе може да поднесат приговор до денеска, 21 декември.

На страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk се посочува дека дополнително ќе бидат објавени листите за филмските работници, естрадни уметници и самохраните родители.

Финансиската поддршка е наменета за граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, а од владата посочуваат дека помошта на загрозените категории граѓани нема да оди преку платежни картички туку директно на нивните трансакциски сметки и нема да биде временски ограничена.

Граѓаните кои ги нема на листите, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат да поднесат приговор на веб страницата најдоцна до денеска, на кој треба да им биде одговорено во рок од неколку дена.

Нема рок за искористување на парите. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...