Во пресрет на новогодишните празници „Битолска млекара“ традиционално и оваа година додели донација за повеќе семејства во неповолна социјална состојба.
Донацијата е доставена до четири здруженија: „Аутизам МК“, „Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром Доза среќа“, „Црвен Крст - Битола“ и „Здружение за унапредување на образованието кај ромската популација Ирхом Топаана“, кои потоа ќе ги распределат до семејствата и своите членови.
Со оглед на периодот на присутност на вируси и настинки и потребата од консумирање производи што го поттикнуваат имунитетот, „Битолска млекара“ донацијата ја состави од Баланс+ имуно млеко со цинк и Битолско млеко со што на овие семејства им се овозможува внесување здрави и имуностимулирачки млека кога тоа е најпотребно.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.