Македонија

Петар Денковски од „Веро“ - менаџер на годината за 2020 година

30 Nov 2020

Петар Денковски, генерален директор на „Веро“ Македонија беше избран за Менаџер на годината 2020 на изборот за најуспешни мажи во Македонија. 

Настанот се одржува трета година по ред, се емитуваше на МРТ1 и беше дел од првиот ТВ магазин за мажи кај нас, „Џентлмен магазин“. Овој настан има за цел да ги промовира добрите навики кај мажите и да го препознае нивниот квалитет.

Беа доделени 13 награди за 13 најуспешни.  

Наградата Менаџер на годината е креирана за сите менаџери на компании, институции, или пак владини преставници кои  умешно го градат имиџот за себе и за институцијата или компанијата која ја преставуваат. Оваа награда признава лидер во секоја смисла на зборот. Оној кој инспирира, оној чија извонредна визија ја подигнува компанијата на сосема ново ниво на успех – било да е тоа зголемување на продажбата, освојување на нови пазари или имплементација на иновативни идеи – неговите резултати се навистина исклучителни. Петар Денковски важи за човек кој ужива одличен углед во јавноста, кој придонесува за развој, како кај компанијата така и кај себе. Човек кој долги години е активен во кошарката, не само во нашата држава, туку и Европа“, соопштија организаторите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...