Македонија

Утврден предлог-законот за трговија: задолжителна дезинфекција и редари

25 Nov 2020

Владата нa синоќешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за трговија, со цел обезбедување превенција и зајакнување на заштитата на здравјето на населението од ширењето на вирусот Ковид -19 во услови на вршење трговија на мало.

Со измените во законот за трговија продолжија да важат мерките предвидени со Уредба со законска сила.

Согласно Уредбата, трговците на мало во услови на пандемија се должни да постават ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија на мало, да обезбеди редарска служба за да се запази минимум потребното растојание меѓу лицата пред и во објектот, и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот, да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред во објектот, да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените во објектот, како и други мерки, појаснија од владината прес-служба.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...