Македонија

Нов „Супер Кит-Го“ во Кочани

02 Nov 2020

На 28 октомври беше отворен нов „Супер Кит-Го“ во Кочани, на улицата Скопска, бр. 5.

Новиот „Супер Кит-Го“ е шестиот објект од овој формат на штипскиот синџир маркети – претходните пет се лоцирани во Скопје (Тафталиџе), Општина Илинден, Штип, Велес и во Куманово.

Новоотворениот „Супер Кит-Го“ се простира на продажен простор од 1.500 квадратни метри, како и на дополнителен магацински простор од 400 квадрати. Потрошувачите може да се услужуваат на четири наплатни каси, а за услугата се грижи персонал од вкупно 30 вработени.

Маркетот нуди богат избор од 30.000 производи и располага со неколку свежи оддели за храна – оддел за овошје и зеленчук, месарница, рибарница, пекарница, оддел за готвени јадења. Освен тоа „Супер Кит-Го“ нуди и голема понуда од непрехранбени производи, која, како што истакнуваат од компанијата, е за сечиј вкус и потреба.

Од компанијата велат дека планираат отворање и на други објекти од овој формат.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...