Македонија

Поддршка за 48 компании кои инвестираа во време на корона-криза

26 Oct 2020

Владата потпиша договори со 48 компании кои решија да инвестираат во услови на криза, а тоа се 38 нови договори и 10 анекс договори, информираше на денешната прес-конференција, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Вкупниот инвестициски циклус изнесува 53,4 милиони евра од кој 29,4 милиони евра по основ на нови 38 договори. Овие компании се очекува да отворат 498 нови работни места и да ја зголемат конкурентноста на домашната економија.

Поддршката на овие компании е значајна и од аспект на рамномерен регионален развој, бидејќи само 21 отсто од компаниите се од Скопје и околината, а останатите 79 отсто се од други градови од државата. На овој начин им се дава можност на граѓаните да останат дома и да придонесат за локален економски развој, рече Битиќи.

Тој додаде дека најголем број од поддржаните компании се мали компании и оти Законот дава еднаква можност и за домашните и за странските компании важно да сакаат да инвестираат.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...