Македонија

„Македонија 2025“ освои награда Small Business Awards 2020

26 окт 2020

На престижните „Награди за мал бизнис 2020“ (Small Business Awards), „Македонија 2025“ беше прогласена за Најдобра организација за лидерски и економски развој во Југоисточна Европа.

Секоја година, Corporate Vision Magazine ги одбира најдобрите на глобална основа – бизнисите и организациите што се синоним за успех, вистински вредности и одржлив развој, чии достигнувања се демонстрираат преку иновативни производи и услуги, одлична репутација во рамките на нивната индустрија и задоволни клиенти низ целиот свет.

Почестени сме што сме добитници на оваа престижна награда. Остануваме посветени на нашите главни стратешки цели за подобрување на конкурентноста на македонските компании, зајакнување на врските со професионалната дијаспора и забрзување на развојот на лидерството. Ви благодарам од сè срце!, изјави Никица М. Блажевски, главен извршен директор на „Македонија 2025“.

Македонија2025 е непрофитна, неполитичка организација со примарен фокус на економски и лидерски развој, која соработува со бизнис-секторот, владата и академијата, со цел генерирање можности и градење капацитети за економски пораст, на тој начин помагајќи во градењето на посилна нација.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...