„Кожувчанка“ донираше машина за дневно чистење и сушење на подна површина во вредност од 218.300 денари.
Машината е наменета за Одделот за нефрологија при Универзитетската клиника за детски болести.
Благодарност до „Кожувчанка“ за донацијата која доаѓа во услови кога здравствениот систем се соочува со најголемата опасност во современиот свет. Дадената донација ќе помогне да се подигне нивото во заштитата од инфекции во делот каде се третираат најтешките пациенти со бубрежни заболувања, изјави директорката на Клиниката за Нефрологија, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.