Како се создава брендот од име и визуелен идентитет, до комуникација? На ова прашање ќе одговори Славимир Стојановиќ (Футро дизајн) на вториот Skopje Marketing Summit, преку примери со лични опсервации, анегдоти и животни лекции.
Славимир Футро е белградски дизајнер, визуелен уметник, автор и професор. Неговите дела имаат освоено повеќе од 300 награди низ целиот свет и објавени се во списанија, публикации, галерии и музеи. Тој дури успеа да стане дел од енциклопедискиот том на „Ташен“ (Taschen – издавач на луксузни уметнички книги) – „Историја на графичкиот дизајн, 1960 – денес“. Има издадено две илустрирани книги за деца од серијата „Авантурите на Синги Лумба“, кои се наградени. Неговиот прв роман „Девет“ има веќе седум изданија. Тој е креатор на лајфстајл-брендот Futro, како и на спортскиот бренд Yebossi Mukewu. Говорник е на TEDx, гостин-предавач во SVA Њујорк и професор на Факултетот за применети уметности во Белград.
Во неговата презентација на Skopje Marketing Summit ќе зборува за создавање брендови – од име и визуелен идентитет до комуникација – преку примери со лични опсервации, анегдоти и животни лекции.
Skopje Marketing Summit е настан наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот. Настанот, во организација на „Кликер маркетинг“, ќе се случува онлајн на 2 јуни и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на marketing-summit.mk.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.