Skopje Marketing Summit 2022

Обликувај ги промените!

12 Apr 2022

По одличниот фидбек на минатогодишниот прв Skopje Marketing Summit во организација на „Кликер маркетинг“, на 2 јуни е закажан вториот Skopje Marketing Summit, кој ќе се одржи онлајн и е бесплатен за следење.

Во време на постојани промени и големи неизвесности, брендовите сè потешко успеваат да го привлечат вниманието на потрошувачите. Уште потежок им е обидот да го задржат нивното внимание.

Исправени се пред нови предизвици:  

  • Како брзо да се приспособат и да ги обликуваат промените?  
  • Дали ги имаат сите неопходни алатки за обликување на промените?
  • Кои се новите можности за адаптирање кон промените?
  • Како да продолжат да комуницираат во различните фрагментирани простори и канали?

Skopje Marketing Summit 2022 ќе донесе интересни глобални, регионални и локални маркетинг-професионалци и експерти. Говорниците ќе ни ги срочат своите видувања и ќе ги споделат сопствените искуства за тоа како најдобро да ги обликуваме промените.  

Skopje Marketing Summit ќе се одржи online на 2 јуни и за сите заинтересирани ќе биде бесплатен за следење.

www.marketing-summit.mk



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...