InStore и „Кликер маркетинг“ Ви го најавуваат 7 FMCG Summit Skopje 2021, најголемиот трговски настан во годината.
7 FMCG Summit Skopje 2021 ќе се одржи онлајн, на 28 октомври. Наменет е за трговци, производители, дистрибутери, придружната индустрија и за сите професионалци од секторот на кои им е важно да ги знаат актуелните трендови, да ги прошират своите видици и да ги надградат своите знаења
И оваа година очекувајте ексклузивни и интересни говорници на најактуелните теми, теми кои ќе го предизвикаат и до крај ќе го задржат вашето внимание. За говорниците и за начинот на пријавување, деталите допрва следуваат.
6 FMCG Summit се одржа на 26 ноември лани, онлајн, со повеќе од 1.500 посетители. Како помина Самитот, кои беа говорници и какви пораки испратија, можете да прочитате тука.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.