FMCG Македонија 2020

Филип Станковиќ: „Научни докази зад новите тутунски производи"

25 Nov 2020

ФИЛИП СТАНКОВИЌ, научник за карактеризација на производи, Сектор за истражување и развој на Филип Морис Интернешнал, Нојшател Швајцарија, ќе биде говорник на 6 FMCG SUMMIT 2020 што ќе се одржи утре, на 26 ноември во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.

Тој ќе зборува на темата „Научни докази зад новите тутунски производи". 

Д-р Филип Станковиќ е добитник на престижната Фулбрајт Награда за наука и технологија, која му обезбеди стипендија за стекнување со докторска диплома од Државниот универзитет во Вашингтон во 2017 година, каде што студираше Производство или обновливи горива, хемикалии и енергија во рамките на циркуларниот концепт за био-економија. Со потекло од Скопје, роден 1984 година, каде го стекнал своето рано образовно искуство, кое резултира со диплома од Машински факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј - Скопје“. Денес тој има повеќе од 10 години искуство во областа истражување и развој и инженерско искуство, управувајќи со проекти во механичко, хемиско, биолошко инженерство, наука за материјал и аналитичка хемија. Досега тој управувал и учествувал во управувањето на проекти со вкупна вредност од 2 милиони американски долари и е заинтересиран да ги прошири своите активности кон консалтинг за одржливост, ко-основање и градење стартапи.

Неговата професионална кариера започнува како истражувачки и технички практикант во Bosch Thermotechnik GmbH Германија во 2007 година, проследено со работа како машински инженер за неколку македонски компании, а во 2018 година се приклучува на тимот на Филип Морис Интернешнл како научник за категоризација на производи, со задача на проекти за поддршка на намалување на емисиите на штетни и потенцијално штетни соединенија и стабилност на нови производи со намален ризик. Неговите области на експертиза се: аеросол и аналитичка хемија, карактеризација на цврсти и течни материјали, термохемиска конверзија на биомаса во енергија, био-производи и обновливи горива за авијација, суперкритично втечнување, каталитички хемиски процеси, дизајн на реактор и процес, рафинирање на биогорива. Филип во моментов работи на здобивање со МБА диплома на Quantic School of Business and Technology.

Годинава, на конференцијата можете да ни се придружите бесплатно! Вашата пријава ја очекуваме тука. 

Не пропуштајте го Самитот на кој може да присуствувате само еднаш во годината!  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...