Компанијата dm на сите вработени им исплати вонреден бонус во износ од по 9.000 денари. Со овој гест компанијата сакаше да изрази посебна благодарност до целиот тим, за дополнителната посветеност и придонес за време на пандемијата предизвикана од корона вирусот.
На овој начин, најголемиот дрогериски синџир во Европа дополнително вложи повеќе од 2,1 милион денари за поддршка на своите вработени во Македонија, а слична иницијатива е спроведена и во другите земји во кои делува dm.
Нашата корпоративна филозофија „Човекот во центар на работењето“ доби ново значење во 2020 година. Водечки императив во нашите деловни активности постана здравствената заштита на целиот персонал и купувачите, како и создавање на безбедни услови за работа и пазарување во нашите дрогерии. Откако обезбедивме спроведување на сите потребни мерки на претпазливост во последните месеци и успеавме да го прилагодиме нашето работење на новите околности, решивме дополнително да ги мотивираме вработените и да им се заблагодариме за нивната посветеност и придонес во овие тешки времиња. Исто така, со овој чекор, сакавме да ја потенцираме круцијалната важност на зачувување на работните места во месеците пред нас и уште еднаш да испратиме порака дека луѓето се најважната алка во секој деловен синџир, рече Александра Оливера Кориши, директор на dm drogerie markt во Србија и С. Македонија.
Од компанијата велат дека атрактивни плати, 14 плати во текот на годината, различни модалитети на работа, активности насочени кон зачувување и подобрување на здравјето, семинари и едукациии се само дел од бенефитите кои се овозможени за тимот на dm.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.