Актуелно

Викенд без ДДВ на 10, 11 и 12 октомври

28 сеп 2020

Викендот без ДДВ ќе биде за празничниот продолжен викенд од 10 до 12 октомври и би опфатил повеќе од 350.000 граѓани, корисници на апликацијата „МојДДВ“. Премиерот Зоран Заев го промовираше како дел од четвртиот пакет антикризни мерки тежок 470 милиони евра

Граѓаните кои за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври ќе можат да купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари, во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ. 

Со ова мерка се проектира да се направи промет од 170 милиони евра, пари планирани како инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, од повратот на ДДВ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...