Актуелно

„Фереро“ влезе во нов бизнис

12 авг 2020

Групацијата „Фереро“ се насочува и кон производството на бисквити, покрај својата долгогодишна основна дејност - производство на чоколадни производи. 

Подготовките за инвестицијата почнаа уште минатата година, кога „Фереро“ ја купи „Келсен груп“, производител на бисквити од Данска, за 300 милиони долари. Овој потег на „Фереро“ е уште еден во низата примери на богаташи кои го диверзифицираат ризикот преку инвестиции во различни сегменти.

„Фереро груп“ е во сопственост на најбогатотото семејство во Италија, милионерот Микеле Фереро и неговите синови. Кoмпанијата ги има планетарно познатите брендови Ferrero Rocher, Nutella и Kinder.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...