Фабриката „Мегле“ во Осиек ќе престане со работа, а производството се сели во Бихаќ во Босна и Херцеговина(БиХ) и во Крагуевац во Србија.
Ова го потврди осиечко-барањскиот жупан Иван Анушиќ, пренесе Seebiz, регионален деловен портал.
Причините се многу едноставни-поевтин начин на работење и можеби поедноставен начин на функционирање. „Мегле“ е бренд кој очигледно веќе нема да се произведува во Осиек, изјави Анушиќ.
Почнати се преговори со други компании за да се најде начин како да се спасат работните места и преработувачката на млеко во Осиек.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.