Дистрибуцијата на јунскиот InStore е во тек, а во него – најновите вести од трговскиот сектор во Македонија, регионот и светот...
Во 77. број на InStore ќе ги прочитате најновите вести од трговскиот сектор во Македонија, регионот и светот; компаниите на актуелна тема: посебно обележани рафтови и гондоли со „Купувам домашно“; интервју со Петар Денковски, генерален директор на „Веропулос“ – Скопје, интервју со Мерима Џевдетбеговиќ, технички директор во месната индустрија „Менпром“ од Тузла и многу други актуелни трговски содржини.
Во фокусот на овој број е категоријата леб, брашно и печива, а Водичот, единствен од овој тип во Македонија и во земјите од Јадранскиот Регион, е посветен на безалкохолни пијалаци.
Прочитајте повеќе податоци од анализите и од истражувањата, подготвени од врвни истражувачки агенции: „Фокус марктфоршунг“, „Индаго“, „Ипсос“, „Нилсен“, „Еуромонитор“, „Керни“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.