Актуелно

(ФОТО)Уште една иновативна полица во InStore-погледнете која!

04 мар 2020

InStore почна да ги објавува иновативните полици кои виe ги направивте за да им дадете посебен фокус на вашите производи. 

Фотографијата што овојпат ви ја претставуваме е од промотивна активност на брендот Afrodita во маркетите на „Веро“, проследена со ценовно намалување на производите и со 1+1 подарок. Рамките на полиците му даваат посебен фокус на производот на полица, декорирани со новогодишни детали и производи со привлечни цени.  

Како што знаете, InStore од почетокот на годинава почна да ги следи вашите иновативни и креативни промо-позиции и да ги претставува пред нашите читатели. Затоа, испратете ни фотографии од вашите примарни, секундарни и посебни позиции, посебно уредени простори во маркетите, заедно со краток опис, а ние најдобрите ќе ги објавиме во печатеното и во електронското издание на InStore. 

Производители, дистрибутери и трговци, ги очекуваме вашите фотографии на Info@instore.mk. Ние продолжуваме да ги претставуваме! 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...