Пишува: Весна Стојановиќ, директор na dm за Србија и Македонија
Секоја компанија мора да биде профитабилна за да опстане, но во 2019 година еднакво важно е да има сопствен идентитет, јасен став и чист глас во поглед на општествените проблеми. Во денешниот социјално освестен свет претпријатијата треба да се горди кога ќе се заземат за прашања како што се заштита на животната средина, човековите права или етичкиот третман. Со овој проактивен пристап тие предизвикуваат општествени промени, градат социјална свесност и се иницијатори на позитивни текови.
Најголем дел од иницијативите што dm ги спроведува се насочени кон намалување на еколошкиот отпечаток низ мерки во интерните процеси, како и во понудата на еколошки алтернативи во нашиот асортиман. Со приспособување на работењето на принципите на одржливост исто така настојуваме на своите потрошувачи да им понудиме опции кои се еколошки одговорни. Една од кампањите што ги спроведуваме во таа насока го носи слоганот „Освести се“, а со неа го поддржуваме животниот стил во кој се обединети одржливоста и потрошувачката. Со оваа кампања сакаме да посветиме внимание на фактот дека поради забрзаното темпо на живот, не смее да зборавиме на средината и на луѓето околу нас.
Компаниите треба да изберат позиција од која ќе придонесат да го направат општеството во кое функционираат поздраво и поубаво место за живеење.
Дополнително, се обидуваме да ги зачуваме природните ресурси и низ одговорно производство и потрошувачка и во понудата имаме и сертифицирана природна козметика, органска храна и други видови еколошки производи ставајќи фокус на пакувањето според материјалот и можноста за повторна употреба. Воедно, кога станува збор за транспортот, повеќе од 90 отсто од приватните трговски брендови доаѓаат од Централна Европа, со што се намалуваат патот и емисијата на јаглероден диоксид.
Компанијата dm уште од 2015 година во понудата има трајни платнени торби од 100 % органски памук, а наскоро воведуваме и комплетно укинување на пластичните кеси на кои пак им се потребни од 400 до 800 години да се разградат и се сериозен проблем за средината. Во рамките на нашата голема кампања „Трајна торба за цел живот“ сите потрошувачи што купиле торба од нашите маркети ќе може да ја заменат доколку дошло до некакво оштетување и со тоа посветено се грижиме за нашите клиенти. Воедно, во нашиот асортиман може да се најдат и други типови платнени и ПВЦ-торби.
Во таа насока на сите компании им препорачуваме да изберат позиција од која ќе придонесат да го направат општеството во кое функционираат да биде поздраво и поубаво место за живеење.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.