Актуелно

Рускиот трговски гигант пропадна во БиХ

01 фев 2023

Рускиот трговски синџир „Светофор“, во европските земји познат како „Мере“, ја затвора продавницата во источно Сараево, која ја отвори пред неполна година, кога го почна своето работење на пазарот во Босна и Херцеговина. 

Од компанијата известија дека објектот се затвори синоќа во 20 часот. 

Почитувани купувачи, сакаме да ве известиме дека објектот на локацијата „Славка Леовца“ 4 се затвора. Ви благодариме на сите што не поддржувавте со посети и купување и се надеваме дека наскоро повторно ќе се видиме. Посебно им се заблагодаруваме на добавувачите од „Ез“, „Барекомерц“, „Интеркамп“, „Сара“, „Куќа на салати“, „Зеленара“, „Теско“, „Абак“, „Континетал“ и на многу други деловни партнери, соопштија од „Мере“. 

Порталот biznisinfo.ba потсетува дека компанијата влезе на пазарот во БиХ со амбиција на одтвори десетина продажни објекти. По Сараево, следува отворање продавници ширум државата, во Мостар, Бања Лука, Тузла, Зеница...Според сегашните планови, „Мере“ во БиХ ќе има 50-80 продавници. Важно е дека сите работници ќе бидат државјани на БиХ, најавија тогаш од компанијата. 

Исто така, „Мере“ влезе со најава дека ќе има 20 отсто пониски цени од конкуренцијата, но судејќи по последните случувања, тоа не беше доволно за успешно работење. 

Извор: biznisinfo.ba



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...