На 9 февруари ќе се одржи еднодневна онлајн-работилница за унапредување на продажно-комуникативните вештини на професионалците за продажба и на менаџерите, која ќе ја води Дарко Лукиќ.
Организатори: InStore, „Кликер маркетинг“ и AMMC
Предавач: Дарко Лукиќ, директор на AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting)
Цел на работилницата:
Унапредување на продажно-комуникативните вештини на професионалците за продажба и на менаџерите.
За кого е наменета?
Професионалци за продажба и менаџери на мали, средини и големи компании.
Придобивки: Унапредување на вештините за продажба, комуникација и за преговарање, кои се клучни за подобрување на односите со купувачите и постигнување резултати во дневно-оперативните продажби.
ПРОГРАМА
9 февруари 2022 година
09:00 – 10:30
ЧЕКОРИ ВО ПРОЦЕСОТ ЗА УСПЕШНА ПРОДАЖБА
10:30 – 10:45
Кафе пауза
10:45 – 12:15
ВЕШТИНИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА И ПРЕГОВАРАЊЕ
12:15 – 13:15
Пауза за ручек
13:15 – 14:30
ВЕЖБА: МЕНАЏИРАЊЕ СО ПРИГОВОРИТЕ НА КУПУВАЧИТЕ
14:30 – 14:45
Кафе пауза
14:45 – 16:45
ВЕЖБА: ПРОЦЕС НА ПРЕГОВОРИ
ЗА ПРЕДАВАЧОТ: Дарко Лукиќ, консултант и предавач, поранешен долгогодишен маркетинг-директор во Henkel Srbija.
Образование: Дипломирал и магистрирал, а од 2020 година е на докторски студии на Економскиот факултет во Белград, насока бизнис-менаџмент.
Искуство: Дарко Лукиќ е консултант и предавач за менаџмент, продажба и маркетинг. Дваесет и тригодишно работно искуство во економијата го пренесува преку програми од областа на традиционалниот и дигитален маркетинг, невромаркетинг, продажба, управување со клучни клиенти, менаџмент и лидерство. Во текот на неговата 17-годишна корпоративна кариера, тој напредувал на менаџерски и лидерски позиции во водечки мултинационални компании, како ING Group, Nestle, Henkel CEE HQ Austria, Henkel Serbia и FCB. Кариерата како консултант, ментор и предавач ја почна во 2016 година, преку соработка со Delta Holding, UNICEF и магазинот InStore, за потоа да ја продолжи со бројни домашни и меѓународни компании и организации. На српски и англиски јазик реализира семинари и говори (на водечките регионални FMCG-конференции) во Србија, РС Македонија и БиХ. Нуди консултантски, менторски и едукативни услуги на следните компании: UNICEF, Delta Holding, Philip Morris, Lesaffre, Pernod Ricard, Imperial Tobacco, Stihl, Western Union, Garmin, Yuhor, Fun&Fit, Danubius, ComTrade, Nectar, MD International,Vital, Omnico distribucija, G3 Spirits, Gorki List, Gomex, Atlantic Grupa, Orbico, Fructal, Perutnina Ptuj, Badel 1862, Alca Trgovina, AWT, Alkaloid, Vitaminka, Tikveš, Pelisterka, Makprogres, Prilepska pivarnica, Vitalia, Kola, Ramstore, Reptil итн... Тој е на листата меѓународни консултанти на ЕБОР (Европска банка за обнова и развој) и водечки предавач за маркетинг и за продажба на „Мокрогорската школа за менаџмент“.
Маратонец и триатлонец со завршени 30 маратона (42,2 км), 13 полуајронмен (113 км) и два ајронмен триатлона (226 км).
КОТИЗАЦИИ:
1 лице – 129 евра
2 лица од компанија – 119 евра по лице
3 лица од компанија – 109 евра по лице
4 и повеќе лица од компанија – 99 евра по лице
(Цените се без ДДВ)
ПРИЈАВИ И КОНТАКТ:
Виолета Видоевска
е-пошта: violeta@kliker.mk
моб.: 075 301 927
е-пошта: edukacija@instore.mk
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.