Актуелно

Хрватска: И во „Конзум“ се плаќа со криптовалути

01 Dec 2021

Од денеска, „Конзум“ на своите купувачи во онлајн продавницата им овозможува да плаќаат со криптовалути, со што стана првиот трговски синџир во Хрватска што дозволува таков вид плаќање.

Со криптовалути можат да се платат храна, хигиенски и други производи од понудата на онлајн продавницата на трговецот со повеќе од 12.000 артикли. 

Воведувањето на овој начин на плаќање е уште еден показател дека ги следиме светските трендови, воведуваме иновации и поставуваме стандард во малопродажниот сектор. Како најголем трговски синџир во ХРватска кој 65 години непрекинато е лидер на домашниот пазар и по деловни резултати и по технолошки достигнувања, горди сме што сме предводници во уште едно подрачје кое рапидно се развива и диктира иднина, соопштија од „Конзум“. 

Процесот на плаќање е сличен како и плаќањето со картичка. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...