Актуелно

Сашко Блажевски е новиот директор на „Нелт СТ“

29 сеп 2021

Со вкупно 20 годишно искуство во FMCG-секторот, Сашко Блажевски ја презеде функцијата в.д. извршен директор на „Нелт СТ“ – Македонија.

Блажевски претходно беше директор за продажба и член на Управниот одбор во „Прилепска пиварница“, но, како што истакнува тој, долгорочната перспектива која овозможува личен и професионален развој во „Нелт груп“, беше клучна да ги преземе новите предизвици.

„Нелт“ е компанија која е глобално позиционирана, со операции во производство, дистрибуција и логистика, а воедно соработува со најголемите светски принципали. Тоа се клучните причини за прифаќање на функцијата, изјави за InStore Блажевски.

За проектите на кои ќе продолжи да работи и на кои дополнително ќе се фокусира тој истакнува дека на ниво на групација и на пазари спроведено е истражувањето Organizational Health Index, во соработка со Mc Kinsey&Company. Тоа им овозможува како групација да ја согледаат моменталната слика на потребните активности што се неопходни за континуирано подобрување на организационото здравје на компанијата.

Приспособување и унапредување на дистрибутивниот пристап кон пазарот е проект кој треба да придонесе за подобро позиционирање на нашите брендови, поголемо задоволство на нашите принципали и подобар резултат за компанијата. Покрај дистрибуцијата, логистиката е сектор со најголем потенцијал каде може да додадеме голема вредност за нас и нашите деловни соработници, додаде тој.

За состојбата на FMCG-секторот во Македонија, со оглед на две децениското работење, истакнува дека постојат работи на кои треба повеќе да се работи. Според него, основни се зголемување на нивото на задоволство во организацијата, соработниците и купувачите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...