Актуелно

„Пивац“ влезе во „Подравка“

27 Sep 2021

Месната индустрија „Пивац“ со значаен удел влезе во „Подравка“.

Според регистарот на Средишното клириншко депозитарно друштво, најголема промена минатата недела меѓу првите 10 најголеми акционери е растот на уделот на „Пивац“, кој во петокот стана осми најголем акционeр во „Подравка“, со 194.673 акции.

За порталот „Даница“ претседателот на управата и косопственик на „Пивац“, Ивица Пивац, потврди дека вложува во тие акции, затоа што имаат вишок капитал и процениле дека на ова ценовно ниво исплативо е да се вложи во таа акција, пренесе Пословни.хр. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...