Актуелно

Продадена белградската пиварница БИП

17 авг 2021

Компанијата „Ауто Чачак“ ја купи пиварницата Белградска индустрија за пиво (БИП) за 180 милиони евра, како единствен понудувач на јавното наддавање за продажба од стечај. 

Највредниот имот на БИП е градежниот објект во Белград. Порано прочуената пиварница поседува и други имоти во Белград, потоа земјиште или објекти во Обреновец, Чачак, Крагуевац, Косовска Митровица и Будва. 

За продажба се понудени и печатите и трговските марки, меѓународните жигови, залихите, недвижностите и правата за кои се водат спорови. 

БИП е во стечај од 2016 година. Новиот сопственик има законски рок од седум дена да го потпише купопродажниот договор и 30 дена да ги плати остатокот од парите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...