Актуелно

Нов директор на „Подравка“ во Македонија

02 Jun 2021

Ивица Саралиевски е нов генерален директор на „Подравка“ во Македонија, дознава InStore. Од компанијата ни ја потврдија информацијата. 

Саралиевски доаѓа на местото на Игор Мањиќ, кој истата функција ја извршуваше од 2016 година. Мањиќ заминува на нова функција во Босна и Херцеговина. 

Што се однесува до моето управување во изминатите пет години, тоа веројатно би можеле најобјективно да ви го образложат моите претпоставени и блиски соработници, но тоа што е сигурно е дека значително го променив погледот на секторите логистика, финансии и маркетинг, бидејќи до пред моето доаѓање на македонскиот пазар работев во секторот за продажба целата моја кариера. Исто така, сигурно е дека квалитетот на управувањето денес е на далеку повисоко ниво од 2016 година, бидејќи лично се надградив со знаење и вештини и секојдневно настојувам да изградам модел на управување во кој главен фокус ќе има интеракцијата (иницијатива, контрола) меѓу секторите, а не само релацијата меѓу мене и директорот на секторот. Сметам дека успеав во тоа, што особено ме радува бидејќи моето мислење е дека тоа е единствениот модел како системот сам себе да се перпетуира, односно да не зависи од поединецот, рече Мањиќ во интервјуто за мајскиот број на InStore. 

Саралиевски и претходно работеше во „Подравка“, каде од 2019 година па досега беше менаџер за продажба. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...