Актуелно

„Лидл“ почна да гради логистички центар во Лапово

18 мај 2021

„Лидл“- Србија ги почна работите на изградба на вториот по ред логистички центар во Лапово. Инвестицијата е вредна околу 70 милиони евра, површината на логистичкиот центар е 57.000 квадратни метри, а завршувањето се очекува за 12 месеци.  

Објектот ќе има место за складирање на 35.000 палетни места и 130 утоварни и стоварни рампи. Со струја ќе се снабдува од соларни панели. На изградбата се ангажирани исклучиво домашни (српски) компании за проектирање, изведување и надзор. 

Во логистичкиот центар на „Лидл“ ќе работат околу 250 работници. 

Првиот логистички центар на компанијата беше изграден во Нова Пазова. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...