Актуелно

Skopje Marketing Summit ќе се одржи онлајн на 20 мај

07 апр 2021

Reframing the Future! или Преобликување на иднината е контекстот под кој  агенцијата „Кликер маркетинг“ и редакцијата на трејд магазинот InStore го најавуваат првиот Skopje Marketing Summit, кој ќе се одржи онлајн на 20 мај.

Предвидувањето и планирањето на иднината во време на невидени глобални промени, никогаш не било потешко. А сепак потребата за визија, иновација и трансформација никогаш не била поизразена кај бизнисите. Глобалната Ковид - пандемија ги преобликуваше животите и барањата на бизнисите и брендовите, како и секојдневната слика на пазарите во која делуваат. А најмногу ги промени навиките на потрошувачите.

Skopje Marketing Summit ќе се обиде да ги доближи предвидувањата и промените  за иднината на маркетингот, и сето тоа засновано на сегашната торбулентна реалност која ни се случува.

На Skopje Marketing Summit ќе се претстават десет искусни маркетинг професионалци/говорници кои преку своите презентации ќе ги откријат клучните предизвици и промени кои ќе влијаат на  маркетинг активностите на брендовите во иднина.

Меѓу другото, говорниците ќе споделат и свои согледувања во тоа дали и колку брендовите се загрозени во новите текови, дали во услови на пандемија сепак брендовите може да бидат стабилни и дури да остварат раст, колку се важни податоците и како да се искористат при креирање на брендови и нивно лансирање на пазарот итн.

Skopje Marketing Summit е наменет за сите маркетинг професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот.

Настанот ќе се случува онлајн на 20 Мај и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на https://www.marketing-summit.mk/

Се гледаме онлајн на 20 мај!

 

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



БиХ ги ограничи маржите за брашно, леб, млеко...

04 мар 2021

Ќе има уште 18 нови „Рамстор“ супермаркети и 700 вработувања

04 мар 2021

Милијардерот Тенис ја продава семејната компанија

04 мар 2021

Горан Теменугов: Хаос

04 мар 2021

Компанија од Србија им плаќа за вакцинирање на работниците

04 мар 2021

(Не)рамноправна трка со странските брендови

04 мар 2021
Вчитува уште новости...