Актуелно

Компанија од Србија им плаќа за вакцинирање на работниците

19 Mar 2021

Менаџментот на компанијата „Фока“, која повеќе од 20 години произведува амбалажа, донесе одлука на работниците кои ќе донесат потврда за вакцинација или ревакцинација да им исплати по 5.000 динари (по околу 42 евра). Тоа е стимулација од раководството на компанијата за сите нивни вработени кои примиле некоја од вакцините достапни во Србија. 

Претходно, компанија од Параќин, „Љуба инвест“, објави дека секој работник кој ќе се вакцинира против ковид до 15 април ќе го награди со 6.000 динари. 

Ова е тренд што пред околу два месеци се појави во светот, но менаџери во Србија признаваат дека приказната има и друга страна - во одредено време фирмите поради отсуствата на работници на боледување беа целосно блокирани, поради што некои и ја стопираа работата. Сега, во најголемиот број компании тврдат дека имаат околу 50 отсто вакцинирани од вкупниот број работници. И во такви околности, плаќањето на работниците да се вакцинираат не е неразумен потег. Навистина, тоа не се некои големи пари, но ваква пракса применија многу работодавци во светот, изјавиле од една српска фирма за тамошните медиуми. 

„Лидл“ во САД неодамна понуди по 200 долари за сите вработени кои ќе примат вакцина. Претходно истото го направија и „Алди“, како и други компании кои даваа стимулација и по 500 долари. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...