Видео вести

(ВИДЕО) „Унилевер“ постави најголем интерактивен билборд

08 Nov 2023

Британско-холандскиот гигант „Унилевер“ претстави интерактивен билборд во Јужна Индија кој свири музика кога врне, со што постави нов Гинисов рекорд за најголем интерактивен еколошки билборд.

Брендот чаеви Taj Mahal во сопственост на „Унилевер“ постави нов Гинисов рекорд за најголем интерактивен еколошки билборд, поставен пред железничка станица во градот Виџајавада во индиската провинција Андра Прадеш.

Станува збор за билборд долг 45 метри, претворен во жичен музички инструмент, кој продуцира музика при допир со капки дожд. Всушност, билбордот е џиновска верзија на традиционалниот инструмент сантур. Кога ќе се активира од обилните врнежи, билбордот ја изведува индиската песна „Raag Megh Malhar“, која ја прославува сезоната на дождови.

Инсталацијата беше поставена за време на сезоната на летни монсуни, која трае од јуни до септември.

Билбордот е поставен во градот Виџајавада со причина – само на овој град отпаѓаат 10% од вкупната потрошувачка на брендот Taj Mahal во Индија. Повеќето домаќинства го консумираат овој чај со децении, а особено е важно што брендот не е ограничен на ниту една економска класа, соопштуваат од „Огилви“ – Индија, агенцијата што стои зад креативната кампања.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...