Видео вести

(ВИДЕО) Нова кампања за KitKat

30 Aug 2023

„Нестле“ во Велика Британија почна нова кампања за KitKat, насловена „Технички фрустрации“, која има цел да ги поттикне потрошувачите „да се одморат од бескорисните техникалии“.

Рекламата на „Нестле“ за KitKat, која е објавена како дел од кампањата „Технички фрустрации“ (Tech Frustrations), нè враќа во средниот век. Гледаме девојка која не ја пуштаат да влезе во замокот бидејќи ја заборавила лозинката и не може да се сети.

Кампањата се потпира на многубројните „бескорисни“ технички прашања во случаи кога се заборава лозинката, како на пример: Како беше средното име на вашето прво домашно милениче? или Кој е вашиот омилен вид камен?

Повеќе од 85 години KitKat ја пренесува пораката „направи пауза“ (Have a Break), така што ниту новата кампања не е исклучок. Во денешниот свет со брз ритам, сите се соочуваме со постојани барања да направиме повеќе, па затоа паузите се поважни од кога било досега. Преку оваа кампања сакаме да ги охрабриме луѓето да се оддалечат од технолошките фрустрации, да направат пауза за размислување и ресетирање, а потоа да се вратат со нова, свежа перспектива, изјави Стефани Скејлс, бренд-менаџерка за KitKat.

Кампањата, која ќе трае до крајот на ноември, ќе вклучува кратки и подолги видеа, како и активности на социјалните мрежи.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...