Брендот Beck's, сопственост на пиварницата „Аб Инбев“, лансираше пиво забрането за потрошувачите помлади од 70 години.
За да го промовира новиот производ, Beck's направи пародија од сцена од филмот „Супербед", во која главниот актер има над 70 години. Брендот лансираше и платформа за е - трговија каде потрошувачите можат да ја внесат својата лична карта со што потврдуваат дека се постари од 70 години за да купат пиво, а производот е достапен во продавниците само кога купувачот на ист начин ќе докаже колку години има.
За потсетување Beck's неодамна го лансираше и првото во светот во целост машински направено пиво, со помош на вештачка интелигенција. Пивото е достапно во Велика Британија, Германија и Италија.
Погледнете:
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.