Видео вести

(ВИДЕО) „Девојката со бисерна обетка“ дели бесплатна Coca-Cola

24 апр 2023

Централната фигура на ремек-делото од 17 век – „Девојката со бисерна обетка“ на Јан Вермер, оживеа на меѓународниот аеродром Гуаруљос во Сао Пауло со импресивна 3Д-активација на билбордот.

Претходно, Coca-Cola ја лансира кампањата Masterpiece, во чиј главен рекламен спот ликовите од познати уметнички дела си подаваат шише Coca-Cola, пред да му го подарат на поспан студент по уметност. Како продолжение на оваа кампања, брендот постави тродимензионален дигитален билборд на аеродромот на бразилската метропола, кој на минувачите им дели бесплатни шишиња Coca-Cola.

На билбордот се појавува „Девојката со бисерна обетка“, која е еден од протагонистите и во Masterpiece. Таа зема шише Coca-Cola од другата страна на билбордот и откако ќе им го привлече вниманието на случајните минувачи – го спушта пијалакот по една цевка. Шишето продолжува да се движи по цевката, која навидум е поврзана со вендинг-машина поставена под билбордот, од која „магично“ се појавува вистинско шише Coca-Cola.

Активацијата на билбордот, креирана од „Дејвид“ – Мајами, има цел да испорача инспирација и магија преку обединување на виртуелниот со реалниот свет, при што познатиот уметнички лик „Девојката со бисерна обетка“ ја трансформира дигиталната Coca-Cola во вистинска за секој што е блиску до панелот.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...