Видео вести

(ВИДЕО) Како Роналдо ги сруши акциите на „Кока кола“

16 Jun 2021

Гестот што го направи Кристијано Роналдо, на прес конференцијата пред натпреварот Португалија - Унгарија, уште еднаш покажа колку се кршливи дури и најголемите брендови кога ќе се соочат со ваква анти - реклама. 

Капитенот на Португалија, на почетокот на прес конференцијата, ги тргна шишињата на „Кока-кола“ од масата пред него, со кратка порака: „Пијте вода“. „Кока-кола“ е еден од главните спонзори на ЕУРО 2020.

И додека за обичниот свет, ова беше еден симпатичен гест, директорите на компанијата имаат причина за загриженост - негативната реклама, гестот на мега ѕвездата Роналдо, придонесе вредноста на компанијата на берзите, да падне за дури четири милијарди евра. Вредноста на една акција на „Кока - кола“ пред потегот на Роналдо вредеше 56.10 долари, а потоа падна на 55.22 долари. Односно - од 242 милијарди долари падна на 238 милијарди долари.

Погледнете:

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...