Улогата на најмениот менаџер е активно и оперативно учество во креирањето, решавањето и преземањето на сите активности што се важни за постигнувањето на заеднички договорените цели во вашата компанија.
Пишува: Гордана Кадоиќ, сопственик на „Адриа корпорејт едукејшн“, gordana@adria-corporate.com
Во модерниот свет е вообичаено да се изнајми сè што може да ги задоволи вашите потреби и да го унапреди квалитетот на вашиот живот. Зошто не би размислувале така и кога станува збор за работата?
Дали сте знаеле дека можете да изнајмите менаџер да ви помогне, да ви даде поддршка и да ве насочува во работењето?
Ако имате проблеми со продажбата и продажните резултати, ако се соочувате со секојдневни предизвици и тешкотии во остварување на целите и не се чувствувате пријатно кога треба да излезете од зоната на комфорот, ако ви е потребна свежа перспектива или нова идеја, ако сакате финансиски или некаков друг пресврт – размислете за некој што може да ви помогне во тоа.
Добро е да се знае која е улогата на менаџерот што сакате да го изнајмите, па затоа ќе откриеме неколку корисни информации.
Целта на овој деловен модел е постигнување на договорените цели во договорено време.
Улогата на најмениот менаџер е активно и оперативно учество во креирањето, решавањето и преземањето на сите активности што се важни за постигнувањето на заеднички договорените цели во вашата компанија. Ова е модел на деловна соработка во кој менаџерот што сте го најмиле ја презема улогата за која заеднички сте се договориле.
Тоа може да биде улога на извршен директор или менаџер за кој било оддел во вашата компанија (менаџер за продажба, набавки, финансии, маркетинг, човечки ресурси, служба за корисници, логистика..).
Целта на овој деловен модел е постигнување на договорените цели во договорено време. Во тој случај, изнајмениот менаџер ги користи своето сопствено знаење, стручност, искуство и вештини за да помогне да порасне вашиот бизнис и да го насочи во правилна насока.
Која е користа за вашата компанија?
-Најмениот менаџер обично веднаш ги презема договорените активности;
-Нема потреба од канцелариски простор, компјутер, телефон или некои други трошоци што се очекувани и се подразбираат кога вработувате нов вработен или менаџер;
-Нема потреба за набавка службен автомобил (што се очекува кога вработувате менаџер);
-Нема емотивна поврзаност со работата и со вработените;
-Полесно е да донесе и да спроведе конструктивни одлуки.
Кога е најдобро време да побарате помош?
-Кога немате време да ги остварите клучните цели сами и на свој начин;
-Кога имате недостиг на квалитетни ресурси;
-Кога сте соочени со различни предизвици и проблеми;
-Кога ви е потребен лидер;
-Кога имате нов проект;
- Кога ви треба пресврт во вашата работа;
-Кога сакате да ја зголемите продажбата, да ги намалите трошоците и да го зголемите профитот.
Како може да ви помогне најмениот менаџер?
Кога ќе се договориме околу поставените цели, вашата работа станува наш приоритет, па почнуваме со првата фаза од работата, а тоа е анализа и истражување на моменталната состојба, управуваме со процесите, вклучени сме во секојдневната оперативна работа, преземаме одговорност, советуваме и менторираме.
Откако ќе ги воспоставиме и примениме договорените цели и вие ќе почнете да уживате во резултатите од заедничката работа, време е да ве пуштиме да продолжите сами со добро организираната работа, поставените мисија и визија, променети перспективи, истрениран тим и долгорочно поставени цели.
Консултант или најмен менаџер?
Деловниот консултант е ангажиран од ваша страна да ви дава совети и да ве води кон целта, до моментот на имплементација, односно до примената на договорените активности – тој ви кажува што да правите и неговиот ангажман тука завршува.
Најмениот менаџер е ангажиран до крајот на процесот на промени и што е најважно, ја презема одговорноста.
Што навистина ви е потребно – одлуката е ваша!
Откако ќе ги воспоставиме и примениме договорените цели и вие ќе почнете да уживате во резултатите од заедничката работа, време е да ве пуштиме да продолжите сами.
За авторот:
Гордана Кадоиќ е сопственичка и директорка на „Адриа корпорејт едукејшн“, компанија која се занимава со корпоративни едукации, тренинзи и со деловно советување, специјализирана за развој на продажните тимови. Магистрирала бизнис-економија на Економскиот факултет во Загреб. Кариерата ја градела во „Орифлејм“ - Хрватска, „Орбико“, „Орбико бјути“ и во други дистрибутивни компании. Денес, таа е советник за развој на бизнис вештини, тренер, експерт за развој на продажбата и на тимовите, говорник на конференции и презентер.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.