Работење

Антонио Зрилиќ: Логистика со брзина на светлината

12 Nov 2018

Иако можеби ќе ви звучи необично, основната функција на модерното складиште не е складирање на стоката туку нејзин излез од складиштето.

Автор: Антонио Зрилиќ, „Логико“

Логистиката е срцето на вашето работење, бидејќи купувачите обожаваат кога нивната нарачка ќе стигне во најкраткиот можен рок и пред тие да се надеваат. Знаеме дека и ние сме задоволни кога ги завршуваме сите налози во регуларно работно време. Исто така, знаеме дека тоа, некогаш не е можно, бидејќи доаѓаат сезонски денови кога бројот на налозите и трансакциите се зголемуваат повеќекратно во споредба со просекот.

Како тогаш, да ги забрзаме складишните операции за да во период на сезона стигнуваме навреме и за да купувачите бидат задоволни?

За вашето складиште да биде брзо мора да бидете FAST! Имено, складиштето мора да биде брзо на сите јазици. Зборот FAST значи брзо, но во истовреме претставува и скратеница за принципите во логистиката кои ќе ни помогнат нашето складиште и операциите во него да станат брзи како молња:

FLOW или ПРОТОК

ACCESSIBILITY или ПРИСТАП

SPACE или ПРОСТОР

THROUGHPUT или ПРOДУКТИВНОСТ

FLOW или ПРОТОК – прва во низата компоненти за брзо складиште е ПРОТОКОТ. Тој претставува процесуирање и балансирање на задачите од кои се саостои процесот на издавање стока кој најмногу е одговорен за тоа купувачот да добие нарачката навреме и нашата работа да биде завршена навреме. Процесот се состои од неколку фази кои извршуваат секоја за себе делови кои, пак, заеднички ја сочинуваат целината, но кога ги раздвојуваме полесно може да ги анализираме нивните активности.

Основнмо правило кај овие процеси е секоја од нив да се состои од активности кои додаваат вредност и кои купувачот ги плаќа (како што е собирањето на стока и пикирање) и од активности кои недодаваат вредност, односно кои се загуба на времето и парите (шетање, чекање, двојно манипулирање и сл.). Идејата е од процесите да се исфрлат сите вишоци и загуби. За тоа да може да се направи мора внимателно да се следи процесот, да се мапира и да се отстранат критичните точки.

ACCESSIBILITY или ПРИСТАП – ова е втората компонента за брзо складирање. Овде мислиме на пристап на стоката која мора да биде непречена од збрка, ненаредена стока или неорганизираност. Главни адути тука се ергономијата и усогласувањето при редењето на стоката со фреквенцијата на нарачување. Треба така да ја сложиме стоката за да на операторите во складиштетот им биде на оптималниот пат кој најчесто го користат. Тука може да се применуваат Паретовото правило и анализата ABC, како и правилата на ергономија.

SPACE или ПРОСТОР – следен елемент во забрзувањето на работењето во складиштето е токму просторот. Просторот, од памтивек бил, и во многу случаи останал фетиш за професионалците во логистиката. Иако, можеби тоа ќе звучи необично (да не кажам еретички), основната функција на модерното складиште не е складирање на стоката... Неговата основна функција е излаз на стоката. Можеби некогаш, складиштето служеше за стоката да се складира на подолго време (особено во период кога повеќето индустрии биле врзани со земјоделските циклуси). Денес, имаме една сосема поинаква структура на индустријата и главна цел не е складирање на стоката, туку таа на што е можно поефикасен начин да се изнесе од складиштето на местото на нејзината употреба.

Со оглед на тоа што функцијата на складиштето го одредува и неговиот дизајн и распоред на просторот ние мораме тој простор и неговиот дизајн да го приспособиме на функцијата излез на стоката, а не на чување на стоката на подолг рок. Зошто сето ова го зборувам?

Бидејќи ние сме ментално дебело заглавени во земјоделскиот период, повеќето компании кои градат складиште сакаат да го наполнат со регали без да размислуваат за манипулацијата која треба да има приоритет.

THROUGHPUT или ПРOДУКТИВНОСТ – е последниот елемент во компонентите 4П кои овозможуваат брзо складирање. Проточноста на складиштето е крвоток кој му дава живот и ако нема проток доаѓа до тесни грла и затворање кои можат да предизвикаат инфаркт. Ако сакаме да ја избегнеме состојбата на инфаркт мора да внимаваме на продуктивноста при складирањето и да ја мериме. Пред сè мора да знаеме какви сме во моментот, а потоа да поставиме реални цели каде сакаме да бидеме и потоа да работиме на тоа за да го постигнеме. Секако, овде ни е најважен човечкиот фактор, бидејќи тука се работи за тоа колку сме ги искористиле ресурсите. Треба да се направи репер и внимателно да ги поставите целите на продуктивност кои сакате да ги постигнете.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...