Работење

Година на трансформација на дистрибутивните системи

14 Aug 2024

Дистрибуцијата како клучна алка во глобалната економија, преку која се поврзуваат производителите и крајните корисници, опфаќа широк дијапазон на специјализирани операции кои се детерминирани од брзиот технолошки напредок и динамиката на пазарот.

Годинава дистрибутерите ќе се соочат со предизвици кои ќе направат трансформација во дистрибутивните системи, кои пред сѐ, ќе фокусирани на примената на автоматизацијата и роботиката, па сѐ до приспособување кон однесувањето на потрошувачите и иницијативите за одржливо работење.

Револуционерна примена на автоматизацијата и роботиката

Еден од главните проблеми со кои се соочуваат светските економии е недостигот на работна сила. Малиот број на работна сила која се врати на пазарот на трудот по ковид-пандемијата и зголемениот број возрасни лица кои веќе се повлекуваат од пазарот на трудот се главните фактори поради кои сѐ повеќе се намалува достапноста на работната сила. Ваквата ситуација наложи компаниите да најдат нови начини за ефикасно управување со ресурсите. Во 2024 година автоматизацијата и роботиката прават револуција во операциите во дистрибуцијата. Дистрибутивните центри сѐ повеќе прифаќаат автоматизирани системи за подигнување и пакување, автономни возила и роботски системи за управување со магацините кои ги насочуваат процесите и да ја подобруваат ефикасноста. Овие технологии не само што ја зголемуваат продуктивноста, туку и ги намалуваат трошоците поврзани со физичката работа.

Искористување на анализата на податоци и ВИ за оптимално управување со синџирот на снабдување

Анализата на податоци и вештачката интелигенција (ВИ) стануваат незаменливи алатки за оптимизирање на управувањето со синџирот на снабдување во дистрибуцијата. Со искористување на добиените податоци, компаниите можат попрецизно да ја предвидат побарувачката, да го подобрат управувањето со резервите и да ги подобрат процесите на донесување одлуки. Алгоритмите со вештачка интелигенција се користат за оптимизирање на маршрутите, ефикасно распределување на ресурсите и минимизирање на оперативните неефикасности.

Прифаќање на растечкиот тренд на е-трговија

Брзорастечкиот тренд на е-трговија продолжува да го преобликува пејзажот на дистрибуција во 2024 година. Со експоненцијалниот раст на онлајн-купувањето, дистрибутивните компании се фокусираат на решенија за испорака до последната милја, стратегиски лоцирани центри за исполнување и беспрекорна интеграција на онлајн и офлајн-канали. Задоволувањето на барањата на онлајн-потрошувачите бара агилност и флексибилност во операциите на дистрибуција.

Создавање еластични синџири за снабдување

Пандемијата на ковид-19 ја истакна важноста на отпорноста на синџирот на снабдување во 2024 година. Компаниите за дистрибуција ја диверзифицираат својата база на добавувачи, имплементираат робусни стратегии за управување со ризиците и ја подобруваат агилноста за ефективно да одговорат на прекините. Изградбата на еластични синџири на снабдување е од суштинско значење за ублажување на ризиците и обезбедување континуитет во работењето. Исто така, годинава започнува да се истражува блокчејн-технологијата со цел да се подобри транспарентноста и следењето на синџирот на снабдување. Преку евидентирање на трансакциите, оваа технологија овозможува проверка на автентичноста на производот, ги рационализира постапките за документација и ги намалува ризиците од измами во дистрибутивните мрежи. Транспарентноста создава доверба помеѓу странките и ја подобрува репутацијата на брендовите.

Давање приоритет на иницијативите за одржливост

Одржливоста е клучен фокус за компаниите за дистрибуција во 2024 година. Со зголемените грижи за животната средина, компаниите усвојуваат еколошки практики како што се намалување на емисиите на јаглерод, оптимизирање на пакувањето за да се минимизира отпадот и имплементација на енергетски ефикасни технологии во дистрибутивните центри. Потрошувачите се сѐ посвесни за прашањата за одржливост, што ги поттикнува компаниите да им дадат приоритет на зелените иницијативи.

 Спроведување омниканални дистрибутивни стратегии

Омниканалните стратегии за дистрибуција добиваат сѐ поголема важност во 2024 година за сѐ повеќе да ги задоволат потребите на потрошувачите. Компаниите се стремат да обезбедат купувања преку повеќе канали, вклучувајќи ги тука онлајн-продажбите и мобилните продавници. За да се обезбеди унификација, омниканалната дистрибуција бара интеграција на системите за управување со резервите, логистички мрежи и податоци за клиентите.

      

Еволуција на планирањето

Еден од трендовите што сѐ повеќе доминираат во меѓународната дистрибуција и се прифатени од страна на големите и средните компании е усвојувањето на клауд- платформата како услуга „Паас“. Ваквиот пристап подразбира дека поголемиот дел од планирањето ќе биде доверено на трета страна, без оглед дали се работи за системски големи или помали специјализирани компании. Компаниите сѐ повеќе ги препознаваат предностите на ваквиот пристап. Покрај тоа, недостигот на работната сила дополнително ги поттикнува компаниите да бараат да пристапуваат кон ваквиот модел. Главната предност на овој модел лежи во тоа што трошоците стануваат фиксни, правејќи го овој моделот атрактивен, особено во време кога постојат притисоци врз буџетите.

 Искористување на моќта на дигиталните технологии „Твин“ и „АР“

Дигиталната технологија „Твин“ ги трансформира дистрибутивните операции во 2024 година со создавање виртуелни копии на физички средства и процеси. Компаниите ја користат „Твин“ технологијата за да го оптимизираат распоредот во магацинот, да симулираат оперативни сценарија и да ја подобрат севкупната ефикасност. Со визуализирање на податоците и увидите во реално време, „Твин“ овозможува подобро одлучување и оптимизација на перформансите. „АР“ технологијата се интегрира во операциите на дистрибуција за да се подобрат ефикасноста и прецизноста. Таа му помага на персоналот во складиштето при подигнување нарачки, ги подобрува програмите за обука и ја олеснува далечинската помош за задачите за одржување. Со преклопување на дигиталните информации на физичката средина, „АР“ ја подобрува продуктивноста и ги намалува грешките во процесите на дистрибуција. Со примената на современите ИТ-системи еден од предизвиците ќе биде и справување со нивната безбедност. Заканата на овие системи од страна на хакерите ќе биде сѐ поголема. Со оглед на тоа што превенцијата од ваквиот вид закани во поголемиот дел од малите и средните компании не е ни приближно на потребното ниво, многу од нив би можеле да претрпат економски штети.

Дистрибутивен ЕРП софтвер

Софтверот „Акуматика дистрибушн едитион“ (АДЕ) е сеопфатно решение кое е основа на клауд и е приспособено специјално за дистрибутивниот сектор. Со АДЕ компаниите можат ефикасно да управуваат со целиот процес на дистрибуција, од купување и управување со резервите, па сѐ до продажба и услуги на крајните корисници.

Софтверот нуди можности како што се напредно управување со складиштето, рационализирана обработка на нарачките, следење на резервите во реално време и интегрирано финансиско управување. Неговата флексибилна платформа им овозможува на дистрибутивните бизниси да се приспособат на променливите барања на пазарот и беспрекорно да ги развиваат своите операции.

Овој софтвер им дава можност на компаниите да го оптимизираат својот синџир на снабдување, да ја подобрат оперативната ефикасност, купувачите добиваат одлична услуга, што го прави идеален избор за дистрибутивните компании кои сакаат да напредуваат на денешниот динамичен пазар.

 

 

 

 

 

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...