Човечки ресурси

Ениса Селмановиќ-Салкиќ: Колку високо може да летаме?

09 Aug 2018
Целите треба да бидат амбициозни и да нѐ мотивираат да го дадеме најдоброто од себе, но тие треба да бидат и реални. Кога планираме и поставуваме цели, тие мора да имаат и глава и опашка.
 

Автор: Ениса Селмановиќ-Салкиќ, раководител за правни работи и за човечки ресурси, „Мегамикс"

Какви планови сме направиле и какви цели сме поставиле?! Сè што не сме стигнале, ќе стигнеме до крајот на годинава. Трипати повеќе, подобро и побрзо. Можеби и повеќе, ако ни тргне.

Веќе половина од годината помина, попушта занесот и почнува паникатаа знамињата се на половина копје. Дали ќе ги постигнеме целитеДенови сè повеќе, а бројките сè пониски. Кога веќе не ги стигнуваме бројките, почнуваат изговорите: Јануари е мртов, луѓето се истрошија за Нова година, Мај е, луѓето се истрошија за скари и празници, Па, нормално е, сезона на одмори е!, Ма, каков септември, не е можно, децата тргнуваат во училиште, зимници... продолжете со другите ваши омилени изговори.

Не треба диктаторски да се постават целите, треба заедно да работите на нив. Повеќе глави се попаметни, повеќе перспективи се пореални.

Секако, од оваа ситуација никој не е пресреќен, не помагаат ниту солзите, очајот, ниту нервозата. Може да се прашаме што сме направиле што не тргнало како што треба, а тоа се многу нешта. Но, да тргнеме по ред.

Целите треба да бидат амбициозни и да нѐ мотивираат да го дадеме најдоброто од себе. Се сложуваме? Исто така, треба да бидат реални. Ако претходните години сте продавале од 100 до 300 парчиња од производите, не е реално дека токму годинава ќе продавате 3.000 парчиња. Високите, страшни и нереални бројки се и недостижни. Такви и ќе останат бидејќи вашиот тим нема да се труди доволно доколку целите се недостижни. На крајот ќе изостане резултатот, а веројатно и тимот ќе се распадне.

За успешно реализирање на целите следува награда. Осмислете вредни награди за најуспешните поединци и/или тимови. Бонуси, патувања, подароци... сè што мислите дека дополнително ќе го мотивира тимот.

Точно е дека треба да се расте, мора да се расте. Но, не може преку ноќ да се порасне. Мислам, може, но постојат и последици. Болка, крш на конструкцијата, која тоа не може да го поднесе. Треба да растеме, да станеме големи, но да не се скршиме некаде по пат.

Кога ги планираме и кога ги поставуваме целите, тие треба да имаат глава и опашка. И смисла... Што правиме и зошто го правиме тоа?

За успешно реализираните цели треба да следува награда. Смислете вредни награди за најуспешните поединци или/и тимови. Бонуси, патувања, подарок... сè што мислите дека ќе го мотивира вашиот тим. Сепак, најголема мотивација е разговорот со нив. Запознајте го вашиот тим, ислушајте ги нивните проблеми, предизвици. Обезбедете награди и тие сигурно ќе станат заслужени.

Време. Секогаш е проблем и времето што е потребно за реализација на целите. Треба да постојат бројки кои треба да се постигнат на годишно ниво, но и бројки кои треба да се постигнат на месечно ниво. Големите бројки поставени за една година, доколку се распределени за секој месец посебно, нема да изгледаат толку страшно и недостижно, а и порастот ќе има континуитет и тимот секој месец ќе биде мотивиран.

Мерење.Ако не ги измерите и не ги поставите за да бидат мерливи, тогаш нема ниту да знаете дека сте успеале. Всушност, ситуацијата е едноставна. Главно, сè може да се измери, да се сведе под бројки. Тоа што не може, се сведува под „завршено" или под „не е завршено". Откако ќе ја утврдиме мерливоста, ќе имаме и временска рамка, со што сè ќе стане јасно и транспарентно. Тогаш може да одите чекор понатаму, да поставите дневен „целометар", па со него дополнително да се загрева и да се забрза секојдневното работење, така што ќе може да видите и да следите како напредува тимот.

Планирајте заедно со вашиот тим. Не треба диктаторски да се постават целите, туку тоа треба да се направи заедно со тимот. Повеќе глави се попаметни, повеќе перспективи се пореални. Сите ќе бидат мотивирани доколку дојдат до најдоброто решение, до најдобрите и реални цели што можат да се постигнат. Кога малите раце ќе се сложат, сè се може.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...