„Нестле“ и Формула 1 најавија глобално партнерство во чии рамки KitKat ќе биде официјално чоколадо на Формула 1.
Со 700 милиони фанови низ светот, се повеќе расте популарноста на Формула 1, особено помеѓу младата публика. Преку ова партнерство KitKat сака својата порака „Направи пауза, земи KitKat“, да им ја пренесе на што повеќе луѓе и да си овозможат да одвојат момент за пауза, соопштуваат од компанијата.
Формула 1 е глобален феномен со брзо пораст на разлина база на обожаватели, посебно помеѓу младите. Со својот глобален досег и преполниот распоред, Ф1 нуди совршена KitKat платформа да ги потсети сите да одвојат врема за пауза. Возбудени сме што можеме да го внесеме своето препознатливо чувство на забава во овој возбудлив спорт и да создадеме незаборавни искуства за фановите низ светот, изјави Бернард Меуниер, шеф за стратешките единици, маркетинг и продажба во „Нестле“.
Соработката ќе започне во текот на сезоната 2025, одбележувајќи ја 90 годишнината од KitKat и 75 годишнината од Формула 1, после што соработката ќе се шири низ светот во 2026 година.
Ентузијастите можат да очекуваат активации и промотивни награди.
Воодушени сме што толку глобално признат и забавен бренд како што е KitKat ни се придружува како партнер. Овој бренд е сакат низ светот и едвај чекаме да ги видиме фантастичните искуства кои ќе им ги донесе на нашите фанови, како и да дочекаме нова публика која ќе го запознае брендот со Ф1, изјави Емили Празер, главна комерцијална директорка во Формула 1.
Извор: InStore.rs
Фото: „Нестле“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.